Макрон се сомнева во планот на Трамп: Нема мир ако тоа го сака само едната страна

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

За мир се потребни двајца, рече Макрон, додавајќи дека нема мир ако тоа го сака само едната страна.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази сомнеж во врска со решението за создавање две држави меѓу Израелците и Палестинците, и изрази сомнеж дека мировниот план кој го објави САД ќе биде успешен.

– Јас верувам во два суверенитети – одговори Макрон на прашањето од весникот „Фигаро“ дали верува во две држави.

Макрон исто така рече дека нема да претстави сопствен план, но сугерираше дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се избори да успее.

– За мир се потребни двајца, рече Макрон, додавајќи дека нема мир ако тоа го сака само едната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот