Македонските ракометарки во Вилнус ја бркаат втората победа во квалификациите за ЕП

фото: Ракометна федерација на Македонија

По високиот триумф во Скопје над Азербејџан (40:17), денеска во 15.00 часот македонската женска сениорска ракометна репрезентација против Литванија во Вилнус ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Во саботата во првиот меч од второто коло во нашата група „5“, Шпанија ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Азербејџан (18:38).

Со триумф на денешниот меч избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе направат важен исчекор кон пласман на континенталниот шампионат кој ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември 2024 година.

Познат е составот на македонската репрезентација за дуелот со Литванките: Гакидова, Килдан Јанеска, Гугуљанова, Петковска, Џатевска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Јанкуловска, Мицевска, Кипријановска, Седлоска, Арсениевска, Ристовска, Саздовска, Дабевска, Гичевска.

Судиската двојка за овој натпревар доаѓа од Романија: Кристина Ловин и Симона Ралука Станку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот