Македонски ПЕН центар: Прегледот за 2020 година е објавен на англиски јазик

Годишниот преглед на македонскиот ПЕН центар за 2020 година е објавен како издание на англиски јазик. Меѓу содржините на прегледот се застапени омажи, поезија, проза, есеи и осврти на македонски поети, писатели и книжевни критичари. Бројот ги принесува омажите за Славко Јаневски (1920-2000), Илхами Емин (1931-2020) и Данило Коцевски (1947-2020).

На страниците за поезија се застапени поетите Ристо Лазаров, Весна Ацевска, Зоран Анчевски, Бранко Цветкоски, Иван Џепароски, Никола Маџиров и Владимир Мартиновски, додека од прозните автори се застапени Александар Прокопиев, Томислав Османли, Милчо Манчевски, Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Во есеистичко-критичкиот сегмент на англиски јазик се објавени текстови од Анастасија Ѓурчинова, Елизабета Шелева, Никола Маџиров, Наташа Аврамовска, Санде Стојчевски, Ацо Пероски и Лидија Капушевска-Дракулевска.

Главен и одговорен уредник на периодичното списание на македонскиот ПЕН Центар е Зоран Анчевски, додека уредник на бројот за 2020 година е Владимир Мартиновски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот