Македонија има европски вицешампион во таеквондо

Фото: facebook.com/Македонска-Tаеквондо-Федерација

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европа, тој освои сребро на Европското сениорско првенство во олимписко таеквондо „Сараево 2020“, Босна и Херцеговина.

Во големото финале за златниот медал македонскиот натпреварувач загуби тесно со резултат 18:19 против претставникот на Србија, инаку Иранец, Махди Кобадакши, поранешен светски шампион.

Иако во последната трета рунда Георгиевски влезе во водство со 15:7, противникот на крајот успеа да дојде до триумфот.

– Тежок ден, четири фулконтактни борби една по друга со класни борци, но ништо не е тешко кога мотивот е Македонија! Ова сребро е со златен сјај, во финалето постојано водев скоро до самиот крај, но спортот знае да е остар и да ни дава нова мотивација.
Благодарам на подршката која доаѓа од сите страни, благодарам на клубските другари, на сите новинари, на моето семејство на моите тренери особено на Д-р Борче Костовски, на сите вас а особено на моите тренери им ветувам дека одиме на медал од олимписки игри! За Македонија, до крај – се зборовите на Георгиевски.

Претходно Македонецот на овој турнир славеше победи над Андреј Гарбар (Украина) со 11:4, потоа над Босанецот Динко Шегедин (12:7) и Шпанецот Рос Даниел (11:4).

– Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо, овој медал се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови од како Македонија е независна држава. Да потсетиме Дејан Георгиевски 2017 година беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст – известуваат од Македонската Таеквондо федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот