„Македонија го положи тестот, може да биде и ко-домаќин на машко Европско првенство“

Фото: РФМ

Според првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер кој допатува во Скопје како специјален гостин на вчерашните натпревари од Европското првенство организацијата во Македонија е на највисоко ниво.

Видерер на денешниот брифинг за медиумите истакна дека во иднина Македонија би можела да организира и групна фаза на Европско првенство во машка конкуренција.

„Задоволен сум од тоа што го видов во Скопје. Сите извештаи околу организацискиот дел се позитивни. Во втората фаза има помалку гледачи, но тоа е нормално кога не игра домашната репрезентација.

Незамисливо е една мала земја сама да биде организатор на Европско првенство, тоа го можат само големи земји како Германија, Франција и веројатно Шпанија. Македонија би можела да биде ко-домаќин на Европско првенство во машка конкуренција како и во овој случај со женскиот турнир со организацијата на првата прелиминарна фаза или една група. До 2028 година турнирите се распределени, за понатаму ќе видиме“, изјави Видерер.

Во 2024 година Европското првенство ќе го организира Германија, потоа во 2026 соседите Шведска, Норвешка и Данска, а Швајцарија е партнер на Шпанија и Португалија за континенталниот собир во 2028.

Првиот човек на ЕХФ: За Вардар добивавме само ветувања, ништо не се реализираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот