Македонија ЃП и со играч помалку остана непоразена во дуелот со ЦСКА Софија

Македонија ЃП одигра без голови против ЦСКА Софија/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерите на Македонија ЃП одиграа 0:0 против ЦСКА Софија во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

„Лавовите“ успеаја да останат непоразени иако второто полувреме го одиграа со играч помалку откако во финишот од првиот дел поради два жолти картони беше исклучен Лемос.

И со играч помалку, „лавовите“ во финишот имаа шанси да постигнат гол, прво капитенот Ермедин Амен шутираше непрецизно, потоа шутот со глава во Личина во 83 минута исто така беше за малку непрецизен, а во судиското продолжение Мишевски сантиметри го делеа од постигнување гол.

„Лавовите“ и со играч помалку прикажаа одлична игра/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во првиот дел кога силите на теренот беа израмнети, „лавовите“ беа и подобар тим, а со одлична игра продолжија и во вториот дел иако беа лишени од услугите на Лемос кој беше исклучен.

Иако му ја препуштија топката и иницијативата на бугарскиот тим, играчите на Македонија Ѓорче Петров шансата ја бараа преку брзите контранапади и за малку не успаја да постигнат гол и во Софија да патуваат со резултатска предност.

Најизгледни беа шансите на Адем во 69 минута кога биеше покрај голот и шутот на Мишевски од слободен удар во 95 минута кој заврши покрај дирекот. Реванш натпреварот ќе се игра идниот четврток во Софија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот