Македонија фаворит, Фарски Острови за првпат во историјата гостуваат во Скопје

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

По квалификацискиот натпревар против Малта, фудбалската репрезентација на Македонија во второто коло од овој циклус е слободна, па ќе одиграме пријателски натпревар против Фарски Острови.

Против Фарски Острови играме за првпат во историјата и фаворитската улога секако ни припаѓа на нас. Селекторот Благоја Милевски ќе ротира во составот и ќе има големи промени во однос на натпреварот против Малта пред три дена. Шанса ќе добијат фудбалерите со помала минутажа.

„Се надевам дека сите се подготвени да го дадат максимумот, способни да се стават во функција за утрешниот меч. Има замор кај повеќето фудбалери, но познајаќи ги нивните карактери, знам дека ќе одиграат најдобро што можат. Секако, посакуваме победа, нашиот противник е сериозен, на последните осум натпревари има само еден пораз. Тоа кажува дека во денешниот фудбал нема аутсадери, сите напредуваат. На последниот дуел против Молдавија покажаа дека се цврсти, дисциплинирани, со доста трчање, а и напредуваат тактички“, изјави Милевски на вчерашната прес-конференција пред овој дуел.

Сигурно за овој натпревар нема да настапат: Столе Димитриевсаки, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу и Аријан Адеми. Ѓоко Зајков повреда заработи на средбата со Малта, Адеми се повреди на тренингот пред тој натпревар, додека Муслиу и Димитриевски се ослободени по барање на нивните клубови. Во составот дополнително е повикан дефанзивецот, Јован Манев кој го носи дресот на Адана Демирспор во турската Суперлига.

Натпреварот е закажан во терминот од 18:00 часот.

Елмас: Секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за македонската репрезентација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот