Елмас: Секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за македонската репрезентација

Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар (18.00 часот) Македонија – Фарски Острови на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, своите очекувања ги сподели репрезентативецот Елиф Елмас.
Според играчот на Наполи, в понеделник нашата А селекција ја чека предизвик во кој ќе го даде максимумот.
– Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот. Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас – вели Елмас.
Фарски Острови на последните осум натпревари има само еден пораз, ја победи Турција и тоа доволно зборува дека денес нема слаби селекции.
Билети за пријателскиот натпревар Македонија – Фарски Острови може да се набавар на продажните места на „МКТикетс“