Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција. Претходно тоа го направи и Бугарија.

Во македонската изјава се наведува дека, како што е пропишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

„При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти“, стои во изјавата за јазикот.

Во изјавата се наведува и дека во текот на преговорите се до нивното завршување и по приемот во ЕУ, земјава нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

Синоќа и Бугарија достави едностраната декларација за македонскиот јазик. Во неа се наведува дека создавањето на „македонски јазик“ е врз основа на во бугарскиот литературен јазик, збогатен со локални форми, со што се симулира „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонски јазик“, се наведува во бугарската декларација.

Инаку во Брисел се одржа првата меѓувладина политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија, со што е означен почетокот на скрининг процесот. Почетокот на преговорите е условен со внесување на Бугарите во Уставот,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот