Аеродром Тирана / Фото EPA-EFE/MALTON DIBRA

Македонски државјани фатени со полни џебови непријавени евра на аеродромот во Тирана

Двајца македонски државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана. Кај нив биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле. Биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот