Мајмун убил десетгодишно момче во Индија

Мајмун во Индија / Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Мајмун нападнал и убил момче во близина на храм во Индија. Група мајмуни го нападнале 10-годишниот Дипак Такор во вторникот додека тој и неговите пријатели си играле во близина на храм во Салки, мало село во државата Гуџарат.

Момчето било пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Агресивниот мајмун го напдна момчето. Тоа беше однесено во болница каде лекарите констатираа смрт“, изјави службеникот за локалниот весник, цитиран од Дејли мејл.

Властите велат дека ова е трет напад на мајмуни оваа недела. Шумскиот службеник Вишал Чаудари изјави дека неговиот тим веќе некое време се обидува да ги фати животните.

„Во селото има голема група мајмуни. Меѓу нив има четири возрасни кои напаѓаат луѓе“, рече тој.

Лангурите вообичаено не се агресивни, иако научниците забележале дека групите главно составени од мажјаци можат да станат агресивни додека поединците ја покажуваат својата доминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот