Мајмун шета на кров од куќа во Белград

Фото: Принскрин

Српски портали објавија видео на кое се гледа мајмун на покрив од куќа во, како што велат, белградската населба Карабурма. Видеото вчера првпат го објави Инстаграм страната „moj_beo_grad“.

Не е јасно како мајмунот завршил на слобода, но ниту во Белград. Станува збор за мајмун од родот макаки. Постојат дваесет и три видови макаки кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

На снимката се слуша гласот на една личност која вели дека на мајмунот му дала чоколадо и јаболка, кои животното ги земало и потоа повторно побегнало.

Засега не е познато што се случило со животното откако било снимено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот