Мајката на Дражен Петровиќ: Немам никакви симптоми!

фото: твитер

Пред четири дена моментно најдоброрангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се запозна со мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, Бисерка.

Веднаш штом го погледна Ноле, организатор на „Адриа тур“, го прегрна, направија неколку заеднички слики и му подари дрес на Дражен од Нетси, а таа доби тениски рекет.

Немам никакви симптоми. Немам температура и често ја мерам. Веќе три дена сум во самоизолација. Се јавив кај епидемилог кога слушнав дека Новак е позитивен е на вирусот. Ми рекоа да чекам, но би се тестирала овие денови – рече Петровиќ за „24sata.hr“.

После Белград, се очекуваше успешно да продолжи регионалната тениска турнеја во Задар, но следуваше шок за јавноста, откако Григор Димитров беше првиот позитивен, по што финалето меѓу Ѓоковиќ и Рублев беше откажано, а свирежи доби тренерот на Ѓоковик, Горан Иванишевиќ.

Позитивни тестови имаат уште Борна Чориќ, Виктор Троицки и уште двајца тренери учесници на „Адриа тур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот