Изненадување за Ѓоковиќ, се запозна со Бисерка Петровиќ и доби на подарок дрес од Дражен (ВИДЕО)

Денеска се исполни желбата на мајката на Дражен Петровиќ конечно да го запознае српскиот тенисер.

Хуманитарниот тениски турнир „Адриа Тур“ викендов ќе се игра во Задар, а најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ кој е организатор на серијата турнири, беше пријатно изненаден.

На прес конференцијата се појави и Бисерка Петровиќ, мајката на кошаркарскиот „Моцарт“, Дражен Петровиќ, со што ја исполни сопствената желба – да го запознае Новак Ѓоковиќ.

Бисерка Петровиќ на српскиот тенисер му поради дрес од Дражен.

– Ви благодарам што дојдовте г-ѓо Бисерка, пријатно сум изненаден од овој подарок. Што да се каже за Дражен, тој е спортска икона на која му се воодушевуваа и САД и целиот свет. Имав можност да слушам неколку ваши интервјуа и најголем впечаток му остави документарниот филм „Еднаш браќа“. Чест ми е што денеска стојам тука со вас – изјави Ѓоковиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот