Фото: Илустрација

Мајка со новороденче е меѓу десетиците мигранти спасени во близина на Канарските острови

Шпанските спасувачи кај Канарските острови спасија мајка и нејзиното бебе кое се родило во гумениот чамец со кој се превезувала група мигранти од Африка.

Доенчето кое е родено во гумен чамец на надувување преполн со 64 мигранти во обид да го преминат Атлантикот до Канарските острови е меѓу спасените од шпанските служби за пребарување и спасување на море (САСЕМАР).

Како што објавија во нивната објава на платформата Икс, мајката и новороденчето со хеликоптер биле пренесени на Ланзароте, четвртиот по големина остров од Канарскиот  архипелаг.

Капетанот кој управувал со бродот на шпанските спасувачи веќе доживеал слично искуство во 2020 година, кога учествувал во спасувачка операција на брод „каде што штотуку се породила жена“.

Миграцискиот пат од северозападниот брег на Африка до Канарските острови стана популарен во последните години, иако е особено опасен поради силните струи.

Минатата година, 46.843 нелегални мигранти успеаја да стигнат до шпанските Канарски острови, надминувајќи го рекордниот број поставен во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот