Маестро Симон Трпчески и пријателите ќе го изведат „Македонисимо“ во село Секирник

Македонисимо Квинтет / Фотографија: КултурОп - Славчо Спировски

По исклучителниот прием на концертите во Литванија и во Германија, се најавува уште еден историски концерт на Симон Трпчески и „Македонисимо“, што ќе се случи на 26 август 2023, во 20 часот, во село Секирник, Општина Босилово, Струмица (во подножјето на планината Беласица). Станува збор за родното место на мајката на Симон Трпчески.

Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“.

– Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја „Македонисимо 2022“, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во с. Збажди, Струга, родното место на таткото на Симон Трпчески (на 1000 метри надморска височина, на планината Караорман), така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме Балканската турнеја на „Македонисимо“, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија – известија од „КултурОп“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот