Мадуро тврди: Повеќе од 65 отсто од граѓаните сакаат избори за да го сменат Националното собрание на Гваидо

Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Повеќе од 65 проценти од граѓаните на Венецуела сакаат да промена на составот на Националното собрание, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Венецуелското национално собрание е под контрола на опозицијата.

– Сите анкети покажуваат дека повеќе од 65 проценти од граѓаните на Венецуела сакаат да изберат ново Национално собрание – рече Мадуро во телевизиското обраќање, додавајќи дека парламентарните избори би можеле да се одржат во кое било време во 2020 година.

Како што рече, изборите не мора да се одржат во недела, но тие може да се одржат во кој било ден во неделата. Според Венецуелскиот Устав, изборите треба да се одржат во 2020 година.

Мадуро додаде и дека војската во земјата е подготвена да ја одбрани земјата 100 проценти.

– Треба да го браниме правото на нашиот народ за мир, соживот, хармонија, толеранција, социјална среќа – рече Мадуро.

Ситуацијата во Венецуела ескалираше на 23 јануари минатата година кога спикерот на Собранието Хуан Гуаидо се прогласи за претседател и кога САД го признаа за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот