Лукашенко се закани: Ако воведете санкции, ќе патувате преку Северниот Пол

Лукашенко
Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани на Западот дека ќе ограничи транзит низ Белорусија во случај на нови санкции против Минск.

-Ако вршите притисок со нови санкции – ќе ја заобиколувате Белорусија преку Северниот Пол и Средоземното Море. Засега во услови на пандемија и понатаму ќе се однесуваме човечки во поглед на транзит и движењето на патнички и товарен сообраќај, рече Лукашенко во вторник вечерта, пренесува Белорусија данас.

Според неговите зборови, санкциите немаат никаква врска со правниот систем, пренесува Спутник.

-Примената на рестриктивни мерки како инструмент за притисок на суверена држава е беззаконие и уцена на меѓународно нив. Тоа е уцена која во документите на ОН и другите меѓународни организации се осудува како неприфатлива мерка, истакна Лукашенко.

Белорускиот претседател додаде дека санкциите се воведени и против Русија и оцени дека приказната со неодамнешното слетување на авионот во Минск е само формален повод за санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот