Лукашенко: Реизборот на Путин е сериозен сигнал за Западот

Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вели дека исходот од претседателските избори во Русија е сериозен сигнал за Западот, особено на идеите за протресување на ситуацијата во Русија одвнатре.

– Тие не можеа да го направат тоа на првата линија, па се обидоа да го направат тоа одвнатре, но и тие не успеаја“, вели Лукашенко, цитиран од државната агенција „БелТА“.

Белорускиот претседател рече и дека никој не може да ги принуди луѓето на Белорусија и Русија на ништо.

Тој го пофали изборниот процес во Русија како добро организиран.

– Природно, претседателот Путин мораше да работи многу, видовте. Тој неуморно патуваше низ цела Русија, посетуваше различни места и одговараше на виталните прашања на рускиот народ, коментира Лукашенко.

Според него процесот на планирање и селекција бил совршен и од него како што вели има многу да се научи.

– Сите беа мобилизирани и консолидирани. Луѓето се патриоти и резултатот е совршен. Ова е лекција за нас“, додава белорускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот