Лукаревска: Во новиот мандат платите и пензиите ќе продолжат да растат

Носителката на пратеничката листа на Изборната Единица 2, од коалицијата ” Можеме”, Сања Лукаревска, денеска е во посета на општина Арачиново. Лукаревска информираше за економската понуда од програмата “Можеме” и кажа дека во новиот мандат ќе е отворат нови работни места, ќе се обезбедат повисоки плати и пензии.

-Во изминатите три години, градиме општетство еднакво за сите. Права, правда, услови и можности сите граѓани подеднакво во држава која напредува во секој поглед. Направивме пресврт на подобро. Денес се обврзуваме на нови цели пред граѓаните, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за иднината. Преку брза трансформација на домашната економија, креираме нови работни места- рече Лукаревска.

Нашата понуда обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати, потенцираше таа.

-Градиме нова развојна економија и поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони, што ќе придонесе за уште поголем пад на невработеноста. Успеавме и во тешка криза предизвикана од Covid-19, да ги зачуваме работните места, со економските владини мерки. И по 15 јули ќе продолжиме да ги штитиме работниците и нивното работно место, а по завршувањето на кризата неврабоптеноста ќе ја намалуваме на ниво од 3 % годишно. Во новиот мандат, платите ќе продолжат да растат и до крајот на 2024 година, минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, додека просечна плата ќе биде 34 000 денари- рече Лукаревска.

Пензиите ќе растат заедно со платите, истакна Лукаревска, а најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21отсто-, рече Лукаревска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот