Луфтханза сака брз договор со синдикатите за зголемување на платите

авиони Луфтханза Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германската авиокомпанија Луфтханза денеска соопшти дека сака што поскоро да се постигне договор со синдикатите за зголемување на платите на копнениот персонал на компанијата.

Портпаролот на Луфтханза изјави дека раководството ги земало предвид барањата на синдикатот и дека е заинтересирано брзо да се постигне договор за зголемување на платите, пренесува Ројтерс.

Копнениот персонал на Луфтханза стапи во штрајк на главните германски аеродроми во вторникот, а четвртиот состанок меѓу раководството и синдикатите за зголемувањето на платите заврши без успех, а разговорите ќе продолжат на 13 или 14 март.

Ова е втор штрајк на персоналот на Луфтханза за овој месец, а погодени беа околу 100 илјади патници.

Синдикатот бара зголемување на платата за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно во период од 12 месеци, како и еднократна исплата од 3.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот