Луди мерки во Англија: Фудбалерите во дресови на терен директно од своите автомобили

EPA-EFE/ANDY RAIN

Пријателските натпревари ќе ги судат тренерите на екипите.

Англиската влада им дозволи на екипите од Премиер лигата да имаат и пријателски натпревари за време на подготовките пред продолжението на сезоната кое е закажано за 17. јуни.

Екипите и за време на пријателските натпревари ќе мора строго да се придржуваат кон епидемиолошките мерки кои вклучуваат фудбалерите сами да доаѓаат на стадионите и тоа со своите автомобили.

Тие исто така ќе мора да бидат облечени за настап на натпреварите, а до стадионите мора да стигнат најдоцна за 90 минути.

Судењето ќе им биде препуштено на тренерите на екипите, а сите фудбалери пред секој натпревар ќе мора одново да се тестираат на коронавирус.

Една од првите екипи која најави дека ќе има пријателски натпревари е Лестер бидејќи менаџерот на тимот, Брендан Роџерс, сака неговите фудбалери да бидат максимално подготвени за преостанатите девет кола од Премиер лигата.

– Сакам што поподготвени да го дочекаме продолжението на сезоната. Ќе организираме неколку контролни натпревари на својот стадион – изјави Роџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот