Љубоморниот маж ја избодел до смрт, а потоа направил нешто БИЗАРНО – Сведоците на убиството биле ЗАПРЕПАСТЕНИ (ВИДЕО)

Фото: Дејли Њуз/Принтскрин

Ирис Родригез (35) го изгубила својот живот во салон во Квинс, во Њујорк, кога нејзиниот љубоморен маж упаднал и ја избодел до смрт.

Мајката на две деца, работела како фризерка во салонот и спа центар „Tu S’Tilo“ на 37. авенија во Џексон Хајтс (Квинс) кога мажот влегол во седум часот навечер, рекла полицијата за „Њујорк Дејли Њуз“. Откако и нанел неколку убоди со нож во градите, легнал на земја и го гушкал нејзиното безживотно тело, пред запрепастените колешки на жртвата.

На снимката до која стигнале „Дејли Њуз“ се гледа како напаѓачот лежи на безживотното тело, и шепоти на мртвата жена и плаче, додека набљудувачите врискаат во позадина.

Родригез и нејзиниот маж, кои четири години биле во брак, не живееле заедно од јануари, но според зборовите на пријателите, тој бил љубоморен кога и да ја видел да зборува со други мажи.

– Зборуваше дека е агресивен, малку се плашеше, но не толку да би очекувала вакво нешто. Рече и дека тој сака да живеат заедно, но таа му одговорила дека не сака да има ништо со него. Не сакаше тој да дознае каде таа престојува – рекла Роса, која била колешка на жртвата.

Видеото погледнете го на овој линк:

A jealous husband brutally stabbed his wife to death inside the Queens salon where she worked, then lay on top of her…

Publiée par Marc Hoover sur Jeudi 8 août 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот