ЛШ: Вардар има тешка задача на реваншот против Веспрем

„Црвено-црните“ загубија убедливо од Веспрем на првата пресметка во Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска (18.45 часот) на програмата е реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Веспрем и Вардар 1961.

Потсетување дека на првиот меч одигран во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, скопските „црвено-црни“ убедливо загубија од унгарскиот првак со 22:30.

Играчите предводени од тренерот Давид Дејвис се надеваат на подобра игра и резултат, ќе се борат до самиот крај на овој двомеч.

Возвратниот дуел ќе ја судат Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, а ЕХФ делегат е Татјана Медвед од Србија.

Победникот од оваа плеј-оф пресметка во четвртфиналето на ЛШ ќе ги одмери силите против данскиот Алборг.

ЕХФ Лига на шампиони

Осминафинале, реванш (во заграда се резултатите од првите натпревари)

Денеска

18.45 часот Веспрем – Вардар (30:22)
20.45 часот Монпеље – Порто (29:29)

Утре

18.45 часот Пик Сегед – Флензбург (21:25)
20.45 часот ПСЖ – Елверум (30:30)

Заврши европската одисеја на Е. Пелистер, Нексе повторно славеше за максимален скор со македонските екипи сезонава 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот