Лоши вести за Новак Ѓоковиќ, Медведев го освои мастерсот во Рим

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Рускиот тенисер Данил Медведев го освои АТП мастерс турнирот во Рим, откако во финалето го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 7:5 и 7:5.

Медведев победи против Руне по 103 минути игра и го освои првиот трофеј во кариерата на земја. Мечот доцнеше, како и во текот на целиот турнир во Рим, а рускиот тенисер направи помалку грешки и го освои првиот сет по 48 минути игра. Во вториот сет Руне поведе со 2:0, но Медведев брзо го врати „брејкот“ и на крајот го сврте резултатот во своја полза.

Триумфот на Медведев значи дека од понеделник Русинот ќе го преземе второто место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ кој паѓа на третата позиција.

Српскиот ас моментно има 5,955 бодови, додека Медведед пред финалето имаше 25 бодови помалку. Со победата над Руне сега ќе биде втор светски рекет, зад Карлос Алкараз (6,815 бодови).

Воедно сега станува комплициран патот на Ѓоковиќ до титулата на претстојниот грен слем турнир „Ролан Гарос“ во Париз бидејќи можен е дуел со првиот фаворит Алкараз и пред финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот