Љубомир Фрчкоски се разведува од сопругата Ирена по две децении брак

Фото: Инстаграм/Ирена Фрчкоска

Професорот Љубомир Фрчкоски и неговата сопруга Ирена Фрчкоска се разведуваат по речиси две децении брачен живот, објави „Фокус“.

Според добро упатени извори на „Фокус“, двојката се разделила спогодбено и тие останале во коректни односи.

Во моментов, Фрчкоски е шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) и живее во САД, а неговата, сега веќе, поранешна сопруга останува да живее во Скопје.

Фото: Инстаграм/Ирена Фрчкоска

Тие двајца се родители на две деца – син и ќерка.

„Тие заеднички ја донесоа оваа одлука и остануваат во коректни односи. Разводот е спогодбен, сепак Ирена и Љубомир заедно поминаа речиси две децении, и во име на тие заеднички години и убави моменти и спомени кои ги имаат, на достоинствен начин се носат со оваа одлука“, изјави изворот за „Фокус“.

Фото: Инстаграм/Ирена Фрчкоска

Во меѓувреме, оваа информација ја потврди и самата сопруга на Фрчкоски.

„Точна е информацијата за разводот. Ние ќе останеме во коректни односи во интерес на децата и ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност“, изјави таа за „Фокус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот