Љафтов пред Европската одбојкарска златна лига: Украина е силен противник, но сме доволно искусни

фото: vfmkd.mk

Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација се подготвува за настапот во Европската златна лига.

Четири одбојкари отпаднаа од списокот на селекторот Јошко Миленкоски за првиот натпревар против Украина во Лоѓ.

Само првопласираните репрезентации во трите групи ќе се најдат на завршниот турнир во Задар на 24 и 25 јуни, а во нашата група постои можност и за вториот, но само под услов Хрватска да биде на врвот на табелата по шесте кола.

Потсетување дека нашата селекција ја очекува и Европско првенство годинава, а своите очекувања од претстојното лето ги споделува и репрезентативецот Александар Љафтов.

– Се наближуваат натпреварите во Европската златна лига. Во сабота нè очекува првиот меч против Украина кој ќе го играме во Полска. Првата недела од подготовките помина одлично во Маврово, втората ја имавме во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, еве ја почнуваме и третата. Сите сме полни со ентузијазам, со желба за победа. Украина е силен противник, но сме доволно искусни, сега и нов селектор и работите одат многу добро. Се подготвуваме во најдобри услови, со најдобра дисциплина, со многу желба на тренинг, верувам и убеден сум дека ќе направиме добри резултати. Не можеме да гарантираме ништо, како Фајнал-фор или финале, важно е да бидеме добри, здрави и да ја играме нашата игра и мислам дека сè ќе си дојде како што треба во најдобар ред – вели Љафтов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот