Литванска министерка ги советува граѓаните наместо да штедат, да дадат пари за тенкови

Аушрине Армонаите / Фото EPA-EFE/Chris J. Ratcliffe

Литванците, наместо да штедат пари, треба да инвестираат во тенкови и друго оружје, смета литванската министерка за економија Аушрине Армонаите, која ги повикува граѓаните да ја финансираат одбранбената индустрија во земјата.

Разговарајќи за нејзиниот предлог со Литванската национална радио телевизија (ЛРТ), министерката изјави дека владата треба да биде поактивна во одредувањето на она што го очекува од граѓаните – особено во однос на поддршката на Украина во нејзиниот конфликт со Русија. А владата сака пари бидејќи нивната намера е во иднина да издвојуваат три проценти од БДП (прагот за членките на НАТО е два проценти) за финансирање на одбраната.

-Има начини, на пример, да се позајмуваат пари од жителите за воени трошоци, посочува таа, нагласувајќи дека граѓаните не треба да очекуваат значителен интерес за такви инвестиции.

Таа вели дека слушнала оти многумина ги критикуваат ваквите идеи – но тоа не и е баш јасно, бидејќи знае дека „луѓето имаат уште многу пари“.

-Можеби е подобро да престанеме да чуваме пари во сламени вреќи и да ги вложиме во армијата, додаде Армонаите.

Министрите за одбрана на Литванија, Летонија и Естонија минатата недела потпишаа договор со цел развој на заеднички систем за противвоздушна одбрана на Балтикот.

Во исто време, Естонија најави дека планира да изгради околу 600 „бетонски бункери“ на границата со Русија.

На почетокот на овој месец, командантот на литванската армија, генерал Валдемарас Рупсис, изјави дека западната одбранбена индустрија треба да се врати на нивото на Студената војна за да се справи со геополитичките промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот