Лига на конференции: Вест Хем со пресврт до победа над ФЦСБ

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Англискиот Вест Хем со пресврт го победи романскиот тим ФЦСБ со 3:1. Романците поведоа со голот на Кордеа во 34. минута, но во второто полувреме Вест Хем направи пресврт постигнувајќи три гола.

Прво преку Боувен 68. минута „чеканите“ израмнија, а седум минути подоцна следеше целосен пресврт благодарение на голот на Емерсон. Победата ја завери Антонио во 90 минута.

Фудбалерите на Базел со 3:1 го победија Пјуник. Базел поведе во 23. минута од пенал преку Малеш. Само четири минути траеше радоста на домашните, бидејќи Пјуник израмни преку Дашан.

Базел во вториот дел го скрши отпорот на противникот, а за тоа е заслужен Вутер Бургер кој прво во 54 минута погоди за 2:1, а во 76 минута го постави конечниот резултат.

На натпреварот помеѓу Слован Братилава и Жалгирис немаше голови.

Резултати

Група А
Фиорентина – Рига 1:1
Хартс – Истанбул Башакшехир 0:4

Група Б
Андерлехт – Силкеборг 1:0
Вест Хем – ФЦСБ 3:1

Група Ц
Австрија Виена – Хапоел Бер Шива 0:0
Виљареал – Лех 4:3

Група Д
Ница – Келн 1:1
Словачко – Партизан 3:3

Група Е
Днипро – АЗ Алкмар 0:1
Вадуз – Аполон 0:0

Група Ф
Молде – Гент 0:0
Шамрок – Дјургарден 0:0

Група Г
Балкани – Клуж 1:1
Сиваспор – Славија Прага 1:1

Група Х
Базел – Пјуник 3:1
Слован Б. – Жалгирис 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот