Лига Европа, 1/8: Барса против Галатасарај, Црвена звезда го доби Ренџерс

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Денеска со жрепка ги дознавме паровите за осминафиналната фаза во Лигата на Европа, можеби во најзвучниот пар Барселона ќе ги одмери силите против Галатасарај.

Пред жрепката носители беа првопласираните од групната фаза на ЛЕ кои директно се најдоа во осминафиналето: Вест Хем, Лион, Монако, Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт, Спартак Москва, Црвена звезда и Галатасарај.

А во групата на неносители се најдоа победниците од плеј-оф фазата (1/16) која заврши во четвртокот: Лајпциг, Аталанта, Брага, Порто, Ренџерс, Барселона, Реал Бетис и Севиља.

Еден од фаворитите за титулата сезонава Барселона, која го елиминираше Наполи на Елиф Елмас, за противник го доби единствениот турски претставник Галатасарај.

Првите натпревари ќе се играат на 10 март 2022 година, а реванш средбите седум дена подоцна.

Лига Европа (сезона 2021/2022)

Осминафинале, двојки –

Ренџерс – Црвена звезда
Брага – Монако
Порто – Лион
Аталанта – Баер Леверкузен

Севиља – Вест Хем
Барселона – Галатасарај
Лајпциг – Спартак Москва
Реал Бетис – Ајнтрахт Франкфурт

Официјално: Финалето во ЛШ нема да се игра во Санкт Петербург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот