Лидерот на Азербејџан најави дека се подготвено за мировни преговори со Ерменија

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска најави дека неговата земја е подготвена да разговара за евентуален мировен договор, додавајќи дека преговорите би можеле да се одржат во Грузија.
Азербејџанскиот лидер ја даде оваа изјава за време на посетата на Грузија, откако ја отфрли планираната средба со ерменскиот премиер Никол Пашинјан на маргините на европскиот самит во Гранада.

Еден ден претходно, Алиев ја критикуваше Франција дека вети дека ќе испорача оружје на Ерменија.

Зборувајќи за новинарите во Тбилиси по разговорите со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, Алиев рече дека е благодарен на Грузија за нејзините посреднички напори, додавајќи дека Азербејџан ќе биде подготвен да присуствува на разговорите за да разговара за прашањата поврзани со мировниот договор доколку Ерменија се согласи.

Тој посочи дека Грузија, која граничи и со Ерменија и со Азербејџан, е најдобриот домаќин за идните мировни преговори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот