Лидерите на ЕУ утре ќе одлучуваат дали ќе дозволат ново одложување на Брегзит

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Лидерите во Европската Унија утре ќе одлучуваат дали ќе ѝ дозволат на Велика Британија ново пролонгирање на Брегзит во рок од три месеци, пишува Би-Би-Си.

Се верува дека поголемиот дел од земјите-членки се согласни на таков чекор, но Франција не е расположена за оваа идеја.

Францускиот претседател Емануел Макрон е загрижен дека долго одложување на Брегзит би можело да предизвика нова неодлучност во Британија или неубедливи избори, дознава Би-Би-Си.

Според пишувањата на Би-Би-Си, во понеделник би можело да има итен самит во Брисел, на кој лидерите ќе можат да постигнат договор „лице во лице“.

Британскиот премиер Борис Џонсон инсистира дека Велика Британија ќе ја напушти Унијата следната недела, без или со договор, и дека ќе распише предвремени парламентарни избори доколку ЕУ дозволи продолжување на рокот.

Премиерот на кралството беше приморан да испрати писмо до ЕУ со кое бара продолжување на рокот, под новата легислатива изгласана од пратениците минатиот месец. Џонсон сепак инсистира дека неговата главна полиса е напуштање на ЕУ на 31 октомври, кога е предвидениот рок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот