Левица бара да им се подигне споменик на полицајците загинати во Диво Насеље

Никола Лазаровски / фото: Левица

„На 9-ти и 10-ти мај 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље“ се случи терористичкиот напад, во кој осуммина припадници на полициските сили ги загубија своите животи. Денес, кога навршуваат осум години од овој настан, на Седницата на Советот во Општина Куманово, од страна на Советникот од Левица – Никола Лазаровски беше поднесена иницијатива за издигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили“, соопшти партијата. .

„Воедно, ја осудуваме иницијативата на Министерот за Правда Кренар Лога осудените терористи да бидат екстрадирани во косовските затвори и истата ја оценуваме како омаловажува припадниците на МВР, подгазување на жртвата дадена од полицајците и охрабрување на тероризмот во Македонија!“, велат од Левица.

„Искрено се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и од останатите советнички групи и политички партии и потсетуваме дека во престрелките животот го загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ“, пишува во соопштението од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот