Левандовски им се нудел за 1.000 евра, а тие не сакале ниту да слушнат!

Роберт Левандовски одигра одличен натпревар против Црвена звезда, а малку кој знае дека овој фантастичен напаѓач пред 10. години им се нудел на белградските „црвено-бели“.

Полскиот репрезентативец на стадионот „Рајко Митиќ“ во рамките од претпоследното петто коло во групната фаза од Лигата на шампионите постигна четири голови за својот Баерн Минхен.

И сезонава блеска Левандовски, сезонава во Бундес лигата во дресот на баварскиот гигант моментно е најдобар стрелец со 16 голови, а најефикасен и во ЛШ со 10 погодоци.

Во српските медиуми е објавена една интересна приказна околу неговите почетоци во кариерата кога можел Полјакот да го облече дресот на Црвена звезда.

Го препорача Мирко Поледица (претседател на Синдикатот на Професионални фудбалери во Србија), кој играше за Легија кога и Левандовски, ги повика челниците на Црвена звезда да го ангажираат, бидејќи во полскиот клуб нема место, но во редовите на „црвено-белите“ не сакале ниту да слушнат.

Го информирале неговото семејство дека не може да игра во Легија, ниту во Црвена Звезда, а се говори дека тогаш ќе прифатеше и договор од 1.000 илјада евра месечно.

После тој неуспешен трансфер во Белград, во 2006 година ја започна професионалната кариера во малку познатиот полски клуб Знич Прушков каде што за две и пол години забележа 36 голови во 59 натпревари, учинок што го одведе во Лех Познањ (32 голови, 58 натпревари), а во 2010. година се пресели во Борусија Дортмунд (74 голови, 131 меч), а четири години го засили Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот