Леклер ќе стартува од пол позицијата во Монца

Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите на патеката во Монцо/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најбрз во квалификаците за трката за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката во Монца. Леклер до осмата пол позиција дојде со време од 1:21.280 минута.

Веднаш зад возачот на Ферари се најде актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Макс Верстапен од Ред Бул кој имаше поспор круг за 0,145 секунди. Третото најбрзо време го го постигна тимскиот колега на Леклер, Карлос Саинц јуниор на 0,268 секунди заостаток.

Од четвртото до десетото место се најдоа Серхио Перез, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.

Сепак, ова нема да биде вистинскиот редослед на возачи на стартот на утрешната трка поради казните што ги добија дел од нив за замената на погонските единици.

Верстапен е казнет со пет места, Перез со десет, а Хамилтон ќе стартува од последниот ред заедно со Јуки Цунода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот