Лекарската комора не кажува од што настапило крвавењето кај Веапоска

Фото: Слободен печат/ Ристо Пејовски

Членовите на Извршниот одбор на Лекарската комора и претседателката на Комората одржаа прес конференција на која што не коментираа воопшто за содржината на стручниот надзор за родилката Јалдз Веапоска од Дебар ниту одговорија зошто точно настапило крвавењето во нејзиниот случај по што морале да бидат отстранети органи.

Десет члена на Лекарската комора на прес конференција не изустија ниту збор за тоа што содржи извештајот од нивниот надзор затоа што него го правела посебна комисија, чии членови на прес конференцијата не присуствуваа и нивниот идентитет ќе остане анонимен.

Не се познати имињата на членовите кои го правеле надзорот, зашто како што рече претседателката на комората, нивните имиња се загарантирано безбедни.

– Поради притисоци од семејствата, пациентите и други колеги, имињата на членовите се загарантирано безбедни, рече доктор Гривчева Страделова.

Извештајот од надзорот не влијае на тоа дали ќе се покрене понатамошна судска постапка од страните во процесот. Претседателката рече дека лекарска грешка утврдуваат судски вештаци, а не комората. Извештајот е доставен до Министерството за здравство, што според Комората ќе го има крајниот збор. Состојбата од извештајот се прави од достапната медицинска документација, прибраните изјави во моментот кога комисијата е таму, членувањето во комисијата е доброволна.

На Мухамед Асани, работењето во Извршниот одбор во Лекарската комора му е ставено во мирување додека да заврши целиот случај, информираше претседателката на комората доктор Калина Гривчева Страделова.

„Државна тајна“ се петмината од Лекарска комора што не нашле лекарска грешка за членот на нивниот Извршен одбор, доктор Мухамед Асани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот