Легендарната Џоан Колинс на прагот на 90: Се чувствувам како да имам 40, годините не се важни

џоан колинс
Џоан Колинс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џоан Колинс, актерката најпозната по улогата на Алексис во „Династија“, си ја отвори душата во новото интервју и откри како се чувствува на прагот од деветтата деценија и зошто годините се толку неважна бројка за неа.

Многумина на прв поглед не би ѝ ги дале годините, а сето тоа поради доброто држење на телото, секогаш уредната и понекогаш претенциозна облека, а потоа и енергијата што ја прави сè уште активна во филмската индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Легендарната Џоан Колинс, најпозната по улогата на Алексис од серијата „Династија“, во новото издание на магазинот „Сага“ откри на што се должи таквиот безгрижен однос кон стареењето.

„Луѓето ме нарекуваат постара жена од кога имав 38 години. Мислам дека годините не се важни, туку како се чувствуваш, како се облекуваш и како се однесуваш“, рече таа, додавајќи дека веќе долго време се чувствува како да е во своите 40-ти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Таа секојдневно тоа го докажува и ги руши сите предрасуди дека жените на одредена возраст повеќе не се способни да прават многу работи. Колинс е исклучително активна, често патува, се појавува пред камери, присуствува на настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Актерката која за девет месеци ќе наполни 90 години вели дека е среќна и исполнета на сите полиња. Среќата во љубовта ја нашла во 2002 година, кога се омажила по петти пат. Нејзиниот избраник е 32 години помладиот Перси Гибсон, за кого тврди дека е љубовта на нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Двојката наскоро ќе ја прослави 20-годишнината од бракот, а Џоан вели дека е среќна што го пронашла.

„Тој навистина се грижи за сè. Многу сум среќна што го имам. Тој се грижи за моите деца, нашите финансии и сè држи под контрола. Тоа е голема љубов, одличен брак“, така ѕвездата го опиша 57-годишниот продуцент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот