Лефков: Собранието е крајно нефукционално

Миле Лефков / Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оценија дека периодов Собранието е крајно нефукционално бидејќи на закажаните седници нема кворум за нивно одржување, како и дека за да се покаже дека нешто се работи се закажуваат стари седници со отворени точки на коишто нема присуство на министри или нивни заменици и точките не се отвораат.

„Кредибилитето на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат нови закони од Владата што е знак дека Владата на Ковачевски е толку заспана и некадерна во време на криза“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Миле Лефов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефоков, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во реалноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот