Леброн Џејмс последната сезона во НБА ќе ја игра во ист тим со синот Брони

Леброн Џејмс/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ѕвездата на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, Леброн Џејмс, изјави дека до крајот на кариерата постои можност повторно да се врати во Кливленд кавалирс и последната сезона во кариерата да ја одигра заедно со неговиот син.

Џејмс кој се смета за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, кариерата ја започна во Кливленд по што се пресели во Мајами хит, за потоа да се врати во Кливленд и во 2016 година да ја освои шампионската титула.

Тој моменто е член на ЛА Лејкерс, но планира последната сезона да ја игра за тимот во кој ќе настапува неговиот син Брони Џејмс за кого се очекува во 2024 година да се појави на НБА паркетите.

– Мојата последна сезона во НБА ќе биде со мојот син, каде и да игра Брони, ќе играм и јас. Ќе направам се што треба за една сезона да играм со својот син и парите нема да бидат пресудни – изјави Леброн Џејмс.

Тој не ја исклучува можноста тоа да биде и во Кливленд, тимот во кој ја започна својата кариера.

– И тоа не е искличено. Не велам дека сигурно ќесе вратам бидејќи не знамшто ни носи иднината, а не сум сигурен кога ќе бидам слободен – додаде Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот