Ле Дриан: ЕУ размислува за санкции против властите во Мали и приватната воена група „Вагнер“

Жан-Ив ле Дриан
Жан-Ив ле Дриан / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се согласија да почнат да работат врз утврдување на правните мерки за воведување санкции против властите во Мали поради недостаток на демократски промени, како и против приватната воена група Вагнер за „анонимно и дестабилизирачко мешање“ во странски конфликти.

Ова денеска го изјави шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, на маргините на состанокот на Советот на министри за надворешни работи во Брисел.

– Ние сме солидарни и решени да воведеме санкции против властите во Мали поради недостатокот на напредок во демократските промени во земјата. Исто така, постои разбирање и заедничка политичка волја за создавање правен механизам на санкции против групата „Вагнер“, која анонимно интервенира во конфликти во странски воени жаришта и спроведува дестабилизирачки активности, додаде францускиот министер.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот