Лазаров: Среќен сум затоа што ова е историска победа за Алкалоид

Фото: РК Алкалоид

Maкедонскиот вицешампион Алкалоид стигна до првата европска победа откако во Европската лига на ЕХФ во Скопје вечерва ја совлада Ла Риоха со 28:27.

По натпреварот тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров изрази задоволство за историската прва победа во Европа на неговиот клуб.

„Среќен сум бидејќи ова е историска победа за нашито тим. Честитки за моите играчи, честитки и до гостите за фер-плејот. Играв седум години во Шпанија и знам што значи Ла Риоха во државата. Знам многу ракометари од Европа и светот кои сакаа да одат и да учат во Шпанија. Ние ги направивме истите грешки како и претходно, промашивме неколку пенали и удари од шест метри. Меѓутоа ова е дебитантска сезона за многу ракометари во Европа и ова е одлично искуство за нас. Моите ракометари заслужија да победат еден меч. Мило ни е што публиката нè препозна како македонски проект. Сепак, мора да се работи понапорно во иднина за да бидеме поконкурентни во иднина“, изјави Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот