Лајчак: Крајно време е успешно да заврши дијалогот меѓу Србија и Косово

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека е крајно време успешно да се заврши процесот на дијалог меѓу Србија и Косово.

„Денеска точно навршуваат 10 години откако Генералното собрание на Обединетите нации ја поздрави подготвеноста на Европската унија да посредува во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Крајно време е успешно да се стави крај”, напиша Лајчак на Твитер.

Во понеделникот во Брисел се одржа уште една рунда разговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, како дел од дијалогот под покровителство на ЕУ.

По преговорите, Лајчак рече дека е постигнат „целосен напредок” по претходно отворените теми, за економската соработка и исчезнати и раселени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот