Кузмиќ уште 48 часа ќе биде во вештачка кома – Слободен печат
КошаркаСпорт

Кузмиќ уште 48 часа ќе биде во вештачка кома

Новинарот Зоран Шаренац објави нови детали за степенот на повредите и здравствената состојба на кошаркарот на Црвена звезда.

Огњен Кузмиќ кој утрово доживеа тешка сообраќајна несреќа, итно беше префрлен во Клиничкиот центар Србија. Тој се наоѓа во вештачка кома, а новинарот Шаренац објави дека кошаркарот и во наредните два дена ќе биде во кома.

– Снимките покажаа дека Кузмиќ нема хематом на мозокот но повредите на лицето и скршениците на вилицата се такви што најмалку 48 часа ќе мора да биде во вештачка кома. Состојбата во наредните часови ќе ги одреди и идните медицински зафати – објави Шаренац.

Новинарот откри дека Кузмиќ бил совозач во неговиот автомобил како и дека со него управувал Богдан Илиќ кој исто така се здоби со тешки телесни повреди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close