Курти учи од Вучиќ: им бара на министрите список со по пет работи што ги завршиле во ресорите

albin kurti
Албин Курти / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Косовскиот премиер Албин Курти откри дека побарал од министрите во неговата влада да му поднесат извештај во кој ќе наведат по пет достигнувања кои ги оствариле во нивните ресори во текот на минатите 18 месеци, од кога се на власт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти пред новинарите во Приштина изјави дека барањето им го изнел на министрите по завршувањето на денешната владина седница, воедно барајќи од нив извештај и за прашањата во чиешто решавање имало застои. Слични методи на „преслушување“ на подредените владини службеници често практикува политичкиот противник на Курти – српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оди и чекор понатаму и тоа понекогаш го прави во живо, пред телевизиските камери.

– По завршувањето на седницата на Владата, побарав од министрите идната недела да изложат по четири или пет нивни достигнувања во текот на едноиполгодишното владеење. Да видиме што постигнале тие ресори, какви лоши работи спречиле, изјави Курти.

На почетокот на денешната седница, Курти ги набројал работите за кои смета дека ја покажуваат успешноста на неговата влада од доаѓањето на власт пред 18 месеци.

– Идната недела се навршува година и половина од нашето демократско и прогресивно владеење. Пресвртот кој го вршиме во правец на развојот на општеството не може да биде остварлив без владеење на правото, правна безбедност и спроведување на човековите права. Значи, за да ја заживееме вистинската демократска промена, акцентот го ставивме на редот и законот, правната предвидливост и еднаквоста, им кажал Курти на министрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот