Кумот од Кипар, невестата во венчаницата на Цеца! Нови детали за свадбата на Вељко и Богдана (ФОТО)

принтскрин

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ судбоносното „да“ ќе го изговорат на 24 ноември во познат хотел во Белград. Според српските медиуми, нивната венчавка ќе биде необична и интересна.

Младоженецот за свадбата ќе ја облече воената униформа што ја носел неговиот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан пред скоро 25 години кога се женел со Цеца Ражнатовиќ.

„Цеца сите овие години освен својата венчаница, го чуваше и оделото на Аркан во кое тој се ожени со неа. Таа за тие работи е посебно емотивно врзана и Вељко го знае тоа. Кога изрази желба да ја носи воената униформа на својот татко на венчавката, Цеца беше воодушевена и секако се согласи со тоа. Тоа е негова желба, иако уште не ја пробал и не е сигурен дека големината ќе му одговара“, вели за српските медиуми извор близок до семејството Ражнатовиќ.

„Што се однесува до Богдана, Вељко не инсистира таа да ја носи венчаницата на Цеца. Меѓутоа, тоа веројатно ќе се случи зашто идната свекрва сака да и го проследи својот венчален фустан, а планира да купи уште еден во кој невестата подоцна ќе се преслече“, наведува изворот.

Моделот на венчаницата што ја носеше Цеца за свадбата долго време беше популарен во Србија, што и не чуди со оглед на тоа што снимката од венчавката била продадена во повеќе од 100.000 примероци.

Интересно е што и нејзината сестра Лидија го носела истиот фустан за нејзината свадба пред 15 години.

Познато е дека семејството Ражнатовиќ ги негува српските обичаи, па така, според пишувањето на медиумите, Вељко сите ќе ги испочитува. Пред венчавката тој ќе се упати по Богдана во Тител, каде што ќе се изврши „купување на невестата“. Секако, според српските обичаи, сватовите ќе мора да „турнат“ јабука пред семејниот дом на невестата, а потоа да влезат во дворот.

Венчавка ќе се одржи во црквата „Свети Сава“.

Ceca i Arkan sa kumovima na svom venčanju
pulsonlajn

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот