Куман: Не чувствувам дека имам поддршка од Барселона

Куман ги загуби сите кредити кај управата и до наредниот викенд се очекува да добие отказ/Барселона, Шпанија/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона утре со гостувањето кај Еибар ќе ја заврши сезоната, а се поизвесно е дека тоа ќе биде последен натпревар за Роналд Куман на клупата на каталонскиот тим.
Куман има договор до идното лето, но со доаѓањето на Жоан Лапорта на претседателското место започнаа шпекулациите дека тој ќе биде заменет на крајот од сезоната, посебно бидејќи е донесен од претходната управа која клубот го доведе на работ на банкрот.
За тоа е свесен и самиот Куман.

Не почувствував дека имам доверба од клубот во финишот од сезоната. Не разговаравме за мојата иднина и разбирам дека постојат сомнежи за постигнатите резултати. Разбирам дека за победа мора да направите промени, но исто така знам и дека комуникација мора да постои. Не знам дали ќе останам, за тоа ќе зборуваме на крајот од сезоната. Јас сакам да го испочитувам договорот кој го имам, но претседателот е тој што ќе ја донесе одлуката. Доколку мисли дека не сум вистинскиот човек, немам никакви проблеми со тоа – изјави Куман.

Поранешниот капитен на Барселона, минатото лето ја презеде екипата по заминувањето на Кике Сетиен и тоа во можеби најтешкиот период за клубот во последните 30-40 години, но успеа да „лансира“ млади фудбалери како Мингеса, Араухо, Мориба и да го освои кралскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот