Кучињата и фенг шуи: Розев околувратник за благосостојба и позитивна енергија

Фото: Pexels

Домашните миленици се важни членови на семејството, а правилата кои важат за сите во домот важат и за нив.

Приврзаниците на фенг шуи и уредувањето на просторот за живеење според принципите на оваа древна кинеска дисциплина, според која се верува дека нашата околина може позитивно или негативно да влијае на различни аспекти од животот, го прилагодуваат личниот простор на миленикот според принципите на фенг шуи. Ова прилагодување одржува позитивна „чи“, или добра духовна енергија, пишува „Телеграф“.

Домашните миленици обично први го чувствуваат квалитетот на енергијата во домот. Сопствениците на домашни миленици веруваат дека кучињата имаат влијание врз протокот на позитивна енергија и дека советите за фенг шуи можат да им донесат многу придобивки.

Кучињата имаат огромна корист од добрата енергија на домот, хармонијата и љубовта во него и возвраќаат со безусловна љубов. Наједноставниот начин да го подобрите фенг шуи во вашиот дом е да се фокусирате на изгледот, состојбата и поставеноста на предметите во домот.

Ослободете се од старите и оштетени играчки

Сопствениците на кучиња секојдневно наидуваат на предмети кои нивните миленици ги користат: играчки, чинии за вода и храна, па дури и нередот што милениците го прават. Со цел сопственикот и кучето да почувствуваат позитивна енергија, треба да се отстрани нередот што привлекува негативна „чи“.

Измијте ги валканите играчки и фрлете ги оние што се стари, излитени и уништени, без разлика колку вие (или кучето) ги сакате. Кучето треба да има свои играчки-џвакачи за да не „вежба“ на мебелот во домот. Ако кучето случајно изврши нужда во куќата, веднаш исчистете го местото и погрижете просторот на кучето секогаш да мириса на свежо.

Но, исфрлете ги и вашите предмети кои се бескорисни, стари, скршени и оштетени на кој било начин. Чувајте ги предметите што ги користите секој ден, како облека, книги и апарати.

Поставувањето мебел е уште еден популарен аспект на фенг шуи.

Ако креветот на кој спиете го уредувате според овие правила, тој треба да биде што подалеку од вратата, но од него секогаш треба да имате поглед на вратата. Оваа поза ќе ви даде чувство на сигурност и смиреност додека спиете.

Правила за местото каде што спие кучето

Експертот за фенг шуи за домашни миленици, Паули Браун, вели дека кучињата избегнуваат области на стагнација на протокот на „чи“ енергија: ако го почувствуваат тоа, ќе бидат раздразливи. Некои кучиња ќе се самоповредуваат со џвакање на шепите како нивна емотивна реакција на енергетскиот дисбаланс во домот.

Бидејќи кучињата го поминуваат поголемиот дел од денот спиејќи, фенг шуи-то во нивниот простор за спиење е многу важен. Затоа, назначете чисто, безбедно место во вашиот дом за вашето куче и следете ги овие совети за фенг шуи:

  • Поставете го креветот на кучето до ѕидот подалеку од вратите.
  • Ткаенината со која ќе го покриете кучешкиот кревет треба да биде во земјени тонови како кафена, сива и жолта.
  • Креветот за кучето треба да биде удобен и во форма на пештера.
  • Патосниците на подот во домот треба да не се лизгаат, а подовите да бидат од дрво и секогаш чисти.
  • Во вашиот дом нека се почувствува дискретниот мирис на лаванда и рузмарин, кој ќе го опушти и домаќинството и кучето
  • Местото каде што спие кучето треба да биде подалеку од неговата чинија со вода, од тоалетот и од кујната, бидејќи енергијата на водата може да му го наруши сонот.
  • Не ставајте тешки предмети над или зад местото каде што кучето спие.

Во случај на нерамнотежа на „чи“ во домот, кучето ќе почне да покажува други знаци на непријатност, така што ќе лае прекумерно, ќе покаже неоснован страв, ќе почне да уринира во домот, ќе избегнува прошетки…

Може да му помогнете на вашиот домашен миленик со тоа што ќе го запишете неговото име на мал црн октагон и ќе го залепите на дното на садот за вода и храна. Исто така, околувратник во розева боја, без разлика на полот на кучето е добар избор – розевата боја е поволна за јанг енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот