КСС: Загрижени сме за сигурноста на работните места по донесените антиковид мерки

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска соопшти дека го поддржува и се приклучува на „граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните” што ќе се одржи в недела во 19 часот.

Од ККС велат дека се загрижени за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во државата, а особено, како што наведуваат, за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат, потенцираат, загрижени сме за сигурноста на работните места.

Истакнуваат дека домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на задолжителна вакцинација и порачуваат дека е противзаконска секаков вид на дискриминација по основ на тоа дали некој е вакциниран или не, а на истото упатуваат и меѓународните акти.

– Ние како синдикат се плашиме дека со мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата се прави притисок за вакцинација на работниците. Работниците веќе го чувствуваат притисокот од работодавачите за вакцинација, велат од КСС.

Од синдикатот посочуваат дека правото на вакцинација е право на личен избор, а вработените на кои им се врши притисок за вакцинација се плашат за своето работно место, па мораат да се вакцинираат.

– Напоменуваме дека правото на работа е уставно загарантирано право и секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, а сигурноста на работните места не смее да зависи од тоа дали работникот е вакциниран или не. Затоа КСС јавно го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните кој ќе се одржи во недела на 15 август во 19 часот, стои во соопштението од КСС.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот