Крстоносни војни

Во Македонската православна црква треба да размислат за воведување правилник за Водици. На традиционалното фрлање на крстот му се потребни судии. Еден главен и барем тројца аутрихтери, а не е лошо да се воведе и ВАР-технологија за да можат да се забележат сите ситни фаули, лакти во ребра и брцнати прсти во чувствителните шуплини од телото.

Бог се јави, но Македонците немаа време за него, бидејќи се степаа за крстот. Се бореа македонските мажи во студените води за дрвениот крст, па празникот Богојавление повеќе личеше на „црн петок“ одошто на еден од најголемите христијански празници.

Но, за жал, и разликата помеѓу „црниот петок“, традиционалниот ден на попусти во САД, и нашите Водици не е голема. Тетовираните и набилдани мажи скокаат во реки, езера и базени мотивирани од богатиот награден фонд, обезбеден за среќниот фаќач на крстот. Телевизор, фрижидер, шпорет, фритеза и можеби миксер, се подароците што фаќачите на крстовите ги добиваат од покровителите, а секако дека не е за занемарување и паричниот фонд, кој се обезбедува од насобраните граѓани, кои оставаат пари за да го бакнат светиот крст.

Прочитајте и...  СЛОБОДЕН УДАР: Ветата не се веќе во мода на Балканот

Преубавата древна традиција, со која не можат да се пофалат голем број земји и народи, кај нас е извитоперена до точка на непрепознатливост и наместо да видиме побожни луѓе што во духот на христијанството во борбата за крстот се водат од Божја волја, гледаме натпревар на воиграни тимови на локални кабадахии, кои меѓусебно си ја делат наградата.

Затоа и се случи она бескрупулозно крадење на крстот од раката на среќниот фаќач во Штип, кој потоа пред камерите објасни дека првпат се натпреварува во овој град. Локалната екипа не можеше да се помири со поразот, па бевме сведоци на оние немили сцени од „крстоносните војни“ во Штип, каде што празничната атмосфера на мир и спокој, беше заменета со борба, грабеж и насилие.

Прочитајте и...  Барам правда, молам Бога да ја нема

Во Македонската православна црква треба да размислат за воведување правилник за Водици. На традиционалното фрлање на крстот му се потребни судии. Еден главен и барем тројца аутрихтери, а не е лошо да се воведе и ВАР-технологија за да можат да се забележат сите ситни фаули, лакти во ребра и брцнати прсти во чувствителните шуплини од телото.

Доколку овој предлог за арбитража се чини како претеран, тогаш владиците нека ја укинат наградата за победникот, па тогаш по крстот ќе скокаат само оние на кои им е битна честа и вербата во Бога.

Прочитај повеќе

Барам правда, молам Бога да ја нема

Ерол Шаќири

Ако не нè отепа, вирусот ќе нè направи посилни!

Сашо Орданоски

СЛОБОДЕН УДАР: Ветата не се веќе во мода на Балканот

Слободанка Јовановска

Суетата, злобата и потценувањето се предворје на садистичкиот режим

Џабир Дерала

Волшебните моменти да се реши името во 1992 година

Денко Малески

По Македонија, ќе се бугаризира и Албанија

Срѓан Ивановиќ

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Падна бомба од небото – и не утепа никого!

Сашо Орданоски

Љубезни прашања до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Џабир Дерала

Лупинзи

Бошко Нацевски

Да не се лажеме: имаме работа со триглава екстремна десница

Ненад Јовановиќ

Нема визи за Британија, има поени

Жанета Скерлев

Караоке политика за разочараната чаршија

Мирослав Грчев