Кривична за две лица од Грчец за поседување оружје

Првопријавениот З.Љ. се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров, по што е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување, додека за второпријавениот А.Љ., е распишан централен распис.

СВР Скопје-Единица за насилен криминал со кривична пријава, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против З.Љ.(35) и А.Љ.(41) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На  07.12.2019 околу 05.45 часот, кога на повеќе локации во с.Грчец, меѓу кои и во домовите на пријавените, се извршени претреси врз основа на судска наредба, полициски службеници не ги затекнале пријавените во своите домови.

Притоа, за време на претресите во село Грчец, полициски службеници, кои го обезбедувале поширокиот периметар во село Грчец, забележале осум лица, од кои еден од нив имал автоматска пушка. Притоа, дел од тие лица влегле во џип „Либерти“, по што почнале да бегаат со него, но потоа го оставиле возилото и се дале во бегство. Во оставеното возило биле пронајдени и подигнати автоматска пушка „АК-47“ – Калашников со кал.7.62×39мм,  пиштол „Застава М57“  кал.7.62×25 мм и пиштол „Застава М88“ кал.9ммPara. По извршеното вештачење биле утврдени траги од пријавените.

На 26.01.2020 првопријавениот З.Љ. се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров, по што е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување, додека за второпријавениот А.Љ., е распишан централен распис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот